• четврток, 27 јуни 2024

Дел од Бутел, Карпош и Сопиште без струја

Дел од Бутел, Карпош и Сопиште без струја

Скопје, 7 јуни 2024 (МИА) - Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Бутел, Карпош и Сопиште, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Александар Урдаревски“, околу ресторан „Бон Бон“ во Општина Бутел.

Во периодот од 12:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Борка Талевски“ бр.60 во Општина Карпош.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селото Чифлик во Општина Сопиште. фф/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан