• среда, 21 јануари 2026

Втора работна сесија на 23. Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Северна Македонија

Втора работна сесија на 23. Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Северна Македонија

Скопје, 28 февруари 2025 (МИА) -  Во Собранието денеска ќе продолжи 23. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија. 

Како што е објавено на собраниската веб-страница, прво ќе биде остварена средба со претседателот на Собранието Африм Гаши, а потоа ќе се одржи втората работна сесија на 23. Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Северна Македонија. 

Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија-Европската Унија, е формиран врз основа на Резолуцијата на Европскиот парламент од 10 март 2004 година и претставува важна можност за продлабочување на дијалогот и зацврстување на заедничката заложба за европската иднина на земјата. мд/са/ 

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан