• вторник, 13 јануари 2026

Во Струмица почнува тридневен Саем на социјални иновации

Во Струмица почнува тридневен Саем на социјални иновации

Струмица, 17 декември 2025 (МИА) - Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD), во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ, од денеска до 19 декември го организира UPSHIFT Саемот на социјални иновации кој ќе се одржи во Струмица.

Како што информираат организаторите, на настанот ќе учествуваат 28 тимови од средни училишта од различни градови низ државата, како и претставници од 13 средни училишта од Скопје, кои ќе ги презентираат своите иновативни решенија за предизвици поврзани со климатските промени и заштитата на животната средина.

-Учесниците претходно поминаа низ интерактивен UPSHIFT процес и локални натпревари на кои беа избрани најдобрите идеи за подобрување на училиштата и локалната заедница. На саемот ќе бидат претставени конкретни ученички проекти со потенцијал за локална имплементација, се наведува во информацијата и поканата за настанот.

Инаку, UPSHIFT е програма за социјални иновации која ги поттикнува младите активно да идентификуваат реални проблеми и да развиваат одржливи решенија. Програмата се реализира во партнерство со Бирото за развој на образованието, а преку овој проект започнува процес на интеграција на програмата во наставната програма во средните училишта. рт/са/

Фото: организатори

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан