• понеделник, 30 септември 2024

„Вечер со Руми“ во Друштвото на писателите на Македонија

„Вечер со Руми“ во Друштвото на писателите на Македонија

Скопје, 30 септемри 2024 (МИА) - Друштвото на писателите на Македонија денеска од 19 часот ќе организира „Вечер со Руми“ - поетско читање по повод 817 години од раѓањето на великанот на класичната персиска поезија. 

Настанот ќе го водат членовите на ДПМ Ана Пејчинова и Тихомир Јанчовски, поети и препејувачи на поезијата на Руми.

Писателската асоцијација соопшти дека го организира настанот „работејќи во насока на уважување и на славење на вековното светско книжевно и културно наследство“. хс/нд/

Фото: ДПМ 

 

Остани поврзан