• четврток, 13 јуни 2024

Без струја дел од скопските општини Центар и Аеродром

Без струја дел од скопските општини Центар и Аеродром

Скопје, 22 мај 2024 (МИА) - Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Центар и Аеродром, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Самоилова“ во Општина Центар.

Во периодот од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од булеварот „Кочо Рацин“ околу училиштето „Раде Јовчевски Корчагин“ во Општина Центар.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот  без струја ќе бидат корисниците од улицата „Св. Кирил и Методиј“, кулите спроти ТЦ „Рамстор“ во Општина Центар.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Гаврил Константиновиќ“ во Општина Аеродром.фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан