Без вода дел од булеварот „Јане Сандански“
- Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од булеварот „Јане Сандански“, односно парните броеви од 34 до 64. во Општина Аеродром.
Скопје, 7 мај 2025 (МИА) - Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од булеварот „Јане Сандански“, односно парните броеви од 34 до 64. во Општина Аеродром.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-100 мм на ул. „Васко Каранѓелевски“ бр.38.
Водоснабдувањето во овие населени места ќе биде прекинато до завршување со работните активности. фф/нд/
Фото: МИА архива