• петок, 22 ноември 2024

Отворање на изложба на уметникот Бард-И Рафет Јонузи-Т во Чифте амам

Отворање на изложба на уметникот Бард-И Рафет Јонузи-Т во Чифте амам

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - Во Националната галерија - Чифте амам денеска, во 19.00 часот, ќе биде отворена изложбата „Poi piovve dentro a l'alta fantasia“ или „И потоа врнеше во длабоката фантазија“, која претставува мултимедијален уметнички дијалог помеѓу Бард-И Рафет Јонузи-Т, уметник од Прешево, кој живее и работи во Австрија и негови пријатели уметници од различни земји. На изложбата ќе говорат амбасадорот на Австрија Мартин Памер, директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими и гостите, учесници на изложбата.

Во уметничкиот дијалог учествуваат уметниците од Австрија: Мариа Анвандер, Готфрид Бегтолд, Михаел Кос, Теута Јонузи - Словачка и Австрија, Марек Кветан - Словачка, Сорен Далгард - Данска, Саша Буквиќ, „Звоно“ - БиХ, Худа Такрити - Сирија и Австрија, Арјета Мала - Косово и Холандија, Кристин Венцел - Германија и Романија и Славица Јанешлиева и Игор Сековски од Македонија.

Куратор на проектот е Ана Франговска, а изложбата ќе биде отворена за јавноста цел месец. ир/са/

 

Фото: Национална галерија Чифте амам

Остани поврзан