• вторник, 13 јануари 2026

ДКСК ќе ги разгледува годишните планови за 2026 и предметите во надлежност

ДКСК ќе ги разгледува годишните планови за 2026 и предметите во надлежност

Скопје, 30 декември 2025 (МИА) - Повеќе точки поврзани со годишното планирање и со постапувањето по предмети во надлежност на Комисијата се на дневниот ред на денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

На седницата ќе се разгледува Програмата за работа на ДКСК за 2026 година, како и Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси и планот за спроведување антикорупциска проверка на легислативата во 2026 година.

Пред членовите ќе се најде и Упатството за рангирање на предметите по пријави, по што ќе се продолжи со точките за постапување по предмети, прашања и предлози, како и разгледување пријави од укажувачи.ар/ ев/

Фото:МИА архива 

Остани поврзан