Дефиле на велосипедисти и мотоциклисти за подигнување на свеста за нивна безбедност
- Под мотото „Јас внимавам и безбедно возам“ денеска со ќе се одржи дефиле на велосипедисти и мотоциклисти, на кое е најавено учество на преку 100 велосипедисти и над 30 мотоциклисти со цел подигнување на свеста за безбедност на велосипедистите и мотоциклистите.
Скопје, 13 мај 2023 (МИА) - Под мотото „Јас внимавам и безбедно возам“ денеска ќе се одржи дефиле на велосипедисти и мотоциклисти, на кое е најавено учество на преку 100 велосипедисти и над 30 мотоциклисти со цел подигнување на свеста за безбедност на велосипедистите и мотоциклистите.
Организаторите информираат дека дефилето за велосипедистите започнува во 11:00 часот и ќе стартува од велосипедската патека на кејот на реката Вардар кај хотел „Холидеј ин“, а мотоциклистите ќе тргнат од фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк во 11:30 часот. Двете групи ќе се сретнат на целната локација, на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“.
Дефилето е во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), а партнери се компанијата ОКТА, Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност од Скопје и Црвениот крст. Поддршка за настанот даваат и здруженијата на велосипедисти и мотоциклисти „Мото клуб Безбедност“, „Прв до врв“ и „Здружението за друмски и планински велосипедизам“.
Можат да се приклучат сите кои сакаат да дадат придонес и поддршка зазголемување на сообраќајната култура на велосипедистите и мотоциклистите и подигнување на свеста за користење на заштитна опрема при вклучување во сообраќајот и можат да се приклучат сите што
На учесниците кои први ќе пристигнат на почетните позиции, ќе им бидат доделени стартни пакети од страна на РСБСП. Како дополнителна поддршка на настанот, а во рамки на својата кампања за подигнување на свеста за безбедност во сообраќајот „Јас внимавам“, компанијата ОКТА ќе обезбеди велосипедски ѕвончиња, безбедносни велосипедски светла и заштитни кациги за учесниците во дефилето.
По пристигнување на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“, во 12:00 часот, изјави ќе дадат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска, менаџерката за корпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА, Марија Ставрeва, и декан на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Никола Дујовски. сх/нд/
Фото: РСБСП