• петок, 22 ноември 2024

Две работилници и годишен состанок на ММП на затворањето на Денови на медиумска писменост 2024

Две работилници и годишен состанок на ММП на затворањето на Денови на медиумска писменост 2024

Скопје, 4 ноември 2024 (МИА) – Две работилници, видео прилог на тема „Новинарите и вештачката интелигенција“ и годишен состанок на Мрежата за медиумска писменост, се активностите со кои денеска ќе бидат затворени Денови на медиумска писменост 2024, кои годинава се одржуваа под мотото „Твојата свесност е најважниот филтер“.

Во Хотел Арка со почеток во 10 часот ќе се одржи работилница на тема „Препознавање и одговор на говорот на омраза“, организирана од Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и ОБСЕ. 

Потоа, од 12 часот, Радио МОФ ќе организира видео прилог на тема „Новинарите и вештачката интелигенција“, кој ќе се одржи онлајн. 

Во исто време, од 12:30 до 14:30 часот, во Младинскиот центар во Пробиштип ќе се одржи работилница на тема „Лице в лице: Кокреираме приказни“, организирана од Лице в лице и ГРИГ. 

Денот и целата програма ќе завршат со годишниот состанок на Мрежата за медиумска писменост, кој ќе се одржи од 14 до 15 часот во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Со бројните работилници, панел-дискусии, конференции и разни онлајн активности, Мрежата за медиумска писменост изминативе денови даде придонес кон одбележувањето на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост во организација на Алијансата за медиумска и информациска писменост на УНЕСКО. Темата на ДМП, поврзана со Глобалната недела, гласи „Медиумска и информациска писменост за информирање во јавен интерес“.

МИА се приклучи кон одбележувањето со истражување на прашањето како вештачката интелигенција влијае на медиумската писменост и кои се клучните предизвици. За таа цел, разговаравме со неколку експерти на темата кои со нас ги споделија своите сознанија и препораки. Темата можете да ја прочитате тука. ар/лв/

Фото: МИА 

 

Остани поврзан