• петок, 22 ноември 2024

Нацистичката „Mein Kampf“ во реклама како „совршен божиќен подарок“

Нацистичката „Mein Kampf“ во реклама како „совршен божиќен подарок“

Велингтон, 18 ноември 2022 (МИА) - Најголемата интернет-страница за купување во Нов Зеланд се извини откако ја промовираше автобиографската книга „Мојата борба“ (Mein Kampf) на Адолф Хитлер, како „совршена“ идеја за божиќен подарок.

Книгата беше вклучена во реклама на Инстаграм-страницата на „Трејд ми“ (Trade Me), којашто претставуваше неколку подароци, меѓу кои и овој нацистички своевиден „манифест“ од 1925 година, напишан од Адолф Хитлер. Во книгата тој подробно ги изразува неговите политички ставови, замисли и намери за иднината на Германија, пишувајќи за супериорноста на „ариевската раса“ и за истребување на еврејското население. „'Mein Kampf'. Најдете го совршениот подарок и дајте им го она што навистина го сакаат овој Божиќ!“, се вели во веќе избришаната реклама. Гласноговорничката на „Трејд ми“ (Trade Me), Сали Феинсон изјави за „Спиноф“ (The Spinoff), дека рекламата е предизвикана од алгоритамска грешка. - Неподносливо е да гледаме дека некој има лошо искуство со нас и навистина ни е жал што ова се случи. За овој вид реклами, нашиот тим создава шаблон за маркетинг и огласите автоматски се повлекуваат преку алгоритам. Ние не ја избравме посебно оваа книга за да се појави во оваа реклама, нагласи таа. Според прописите, книги со нацистички или материјал поврзан со холокаустот, може да се продаваат на страницата само со истакнат историски контекст. Во Нов Зеланд не е нелегално да се поседуваат и дистрибуираат вакви материјали. „Трејд ми“ е посетуван 1,9 милиони пати секој ден во просек од 650.000 Новозеланѓани, со повеќе од 9 милиони огласи во секое време.  си/

Остани поврзан