• вторник, 05 ноември 2024

Националниот координатор за соработка со дијаспора, Асани, во посета на општините во Дебарско

Националниот координатор за соработка со дијаспора, Асани, во посета на општините во Дебарско

Дебар, 2 април 2024 (МИА) - Националниот координатор за соработка со дијаспора, Фатон Асани, кој на оваа функција Владата го наименува во јануари годинава, престојуваше во трите општини во дебарскиот регион, Маврово и Ростуше, Дебар и Центар Жупа.

Како што објави Асани на Фејсбук ова се негови први посети откако е наименуван на оваа функција.

- Прва официјална посета на општина како Национален координатор за соработка со дијаспора, остварив во мојата матична општина Маврово и Ростуше. На средбата со мојот градоначалник Медат Куртовски разговаравме околу функционалноста на Центарот за дијаспора и проблемите на нашите иселеници, објави Асани на Фејсбук.

Исто така ја посетил и општина Дебар и на средбата со градоначалникот Хекуран Дука размениле мислења и идеи околу поттикнување на дијаспората за поголема соработка со општината, како и големата хуманост на дебарската дијаспора во САД за својот град.

-Со градоначалникот на Центар Жупа, Аријан Ибраим, разговаравме за многу работи околу нашата многубројна дијaспора во Република Италија и нејзината проблематика. Посебно ја потенциравме спомен куќата на таткото на модерна Турција, големиот Мустафа Кемал Ататурк во Коџаџик, како историски значаен објект кој треба да се искористи за привлекување на туристи, напиша Асани во објавата.

Асани, кој е родум од долнореканското село Велебрдо во периодот од 2017 до 2023 беше директор на Агенција за управување со одземен имот. вт/дма/

 

Фото: Фатон Асани ФБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан