• недела, 22 декември 2024

Националната коалициска партија на Петри Орпо прогласи победа на изборите во Финска

Националната коалициска партија на Петри Орпо прогласи победа на изборите во Финска

Хелиснки, 2 април 2023 (МИА) - Шефот на финската централно-десничарска Национална коалициска партија (NCP) Петри Орпо вечерва прогласи победа на денешните парламентарни избори во Финска, каде на премеирската функција ќе ја наследи социјалдемократката Сана Марин.

-Тоа е голема победа, рече поранешниот министер, 53-годишниот Орпо, со аплауз од неговите поддржувачи. „Ќе почнеме преговори за нова финска Влада“, додаде тој.

Според проекциите на ТВ Yle, Националната коалиција на Петри Орп ќе добие 48 од 200 места во финксикот Парламент, пред Финската партија со 46 места и социјалдемократите на поранешната премиерка Марин со 43 места.

Во предвечерието на изборите, врз основа на анкети, веќе беше најавено вртењето на Финска кон десно.

НКП последните две години постојано водеше во анкетите, иако нејзината предност се стопи во последните месеци. Партијата ветуваше  дека ќе ги намали трошоците и ќе го запре растот на јавниот долг, што достигна нешто повеќе од 70 отсто од БДП откако Марин ја презеде функцијата во 2019 година.

Орпо претходно ја обвини Марин за поткопување на економската отпорност на Финска во време кога енергетската криза во Европа, поттикната од руската војна во Украина, што тешко ја погоди земјата, а трошоците за живот се зголемија.

Орпо најави дека ќе преговара со сите парламентарни групи за да добие мнозинство во парламентот.

Изборите се одржваа само неколку дена пред официјалниот пристап на Финска во НАТО. сд/

Остани поврзан