• вторник, 18 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Скопје, 18 март 2025 (МИА) - Националниот џез оркестар, откако претходно го одложи концертот на португалската пејачка Мариа Мендеш, пред малку  соопшти дека истиот сепак ќе се одржи, но со хуманитарна цел. Средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за семејствата на настраданите и повредените во Кочани. 

Како што е најавено, концертот ќе се одржи на 25 март.

- Ве известуваме дека концертот на Мариа Мендеш и Националниот џез оркестар кој беше претходно откажан, сепак ќе се одржи, но овој пат со хуманитарна цел. Средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за семејствата на настраданите и повредените во Кочани. Во холот ќе бидат поставени и кутии за донации во кои ќе може дополнително да се донираат средства, се вели во објавата на установата на нивната фејсбук страница. бт/бак/

Фото: Фејсбук страница на Националниот џез оркестар 

Остани поврзан