• петок, 22 ноември 2024

Национален парк Шар Планина: По дојава на население беа стопирани и истерани собирачи од соседна земја

Национален парк Шар Планина: По дојава на население беа стопирани и истерани собирачи од соседна земја

Тетово, 1 август 2024 (МИА) - Националниот парк Шар Планина известува дека на подрачјето биле затекнати собирачи на шумски плодови од соседна земја кои биле протерани поради тоа што собирањето за комерцијална употреба е дозволено само за лицата кои живеат во Националниот парк со обезбедена дозвола. Воедно велат дека дозволено е собирањето на растенија и плодови од природата за сопствена употреба.

-Во изминатите денови по дојава на локално население, на три различни локации, беа стопирани и истерани собирачи од соседна земја. Јавната установа Национален парк Шар Планина подготвува листа на собирачи, а истите ќе бидат информирани и обучени кои растенија и плодови може да се собираат, на кој начин и на кои предели. Како еден од најдобрите начини за зачувување на вредните природни ресурси, во иднина Националниот парк ќе обезбеди поддршка на локалното население за култивирање на погодните растенија. Како една од заложбите за поддршка на локалната економија ваквите дозволи не се издаваат на собирачи од други населени места надвор од Национален парк Шар Планина ниту, пак, на државјани од соседните земји, се вели во соопштението на НП Шар Планина.

Со цел да се спречат несакани последици од таму потсетуваат дека на територија на Национален парк Шар Планина е строго забрането да се пали оган на отворен простор, воедно апелираат да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња. ас/вј/

Фото: ЈУ НП 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан