• петок, 22 ноември 2024

НАТО разгледува неколку опции за да се олесни процесот за обезбедување вакцини, порача Бурк

НАТО разгледува неколку опции за да се олесни процесот за обезбедување вакцини, порача Бурк
Скопје, 26 март 2021 (МИА) - Прашањето за можноста НАТО да придонесе за обезбедување вакцини е нешто за што лидерството на Алијансата размислува за администрирање со вакцините во различни земји. За ова зборуваме често и на политичко и на воено ниво, има повеќе механизми што постојат покрај националните напори, изјави командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк на прес-конференцијата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, прашан дали постои начин НАТО да се приклучи во обезбедување вакцини за Ковид-19 за нашата земја. - Сметам дека веќе бројот на одобрени вакцини се повеќе се зголемува. Минатата недела беа одобрени дополнителни, а можностите за произведување исто така се зголемуваат, така што се зголемува и можоста за производство на се повеќе вакцини и ќе имаме можност да помогнеме да се олесни овој процес. Разгледуваме неколку опции, незнам која ќе биде избрана, но се работи динамично на тоа бидејќи ја разбираме ситуацијата на сите земји, а и сфаќаме колку е тоа важно за вас, изјави адмиралот Бурк, кој е во официјална посета на нашата држава по повод одбележувањето на првата годишнина од членството на Северна Македонија во Алијансата и затворањето на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје. цр/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан