• четврток, 19 декември 2024

НАТО испраќа трупи за хемиски, биолошки и нуклеарни напади

НАТО испраќа трупи за хемиски, биолошки и нуклеарни напади
Брисел, 25 март 2022 (МИА) - НАТО го зголеми нивото на подготвеност на специјализираните единици за одговор на хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни напади поради евентуална одлука на Русија да изврши таков напад. Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг изјави дека обучен персонал за одговор такви напади ќе биде распореден во постоечките бази во балтичките земји и во Полска, како и во четири нови бази во Унгарија, во Романија, во Бугарија и во Словачка. Северноатлантската алијанса планира да ја обезбеди Украина со опрема за справување со такви напади, вклучително и заштитна облека, комплети за деконтаминација и детектори. ми/

Тагови

Остани поврзан