• недела, 22 декември 2024

НАТО за 25-годишнината од ослободувањето на Косово: Остануваме посветени на мирот и слободата на движење за сите

НАТО за 25-годишнината од ослободувањето на Косово: Остануваме посветени на мирот и слободата на движење за сите

Приштина, 12 јуни 2024 (МИА) – Мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, во објава на нејзината официјална веб-страница на „Х“, поранешен Твитер, по повод 25-годишнината од интервенцијата на воените сили на Северноатлантската алијанса на Косово, порача дека останува во земјата за да обезбеди мир и слобода на движење за сите косовски граѓани, без оглед на нивната припадност, пишува Газета експрес.

Мисијата на НАТО нагласува дека улогата на Алијансата е да одржува мирна средина и за сите луѓе во Косово и дека тоа го прави непристрасно и во согласност со мандатот даден од Обединетите нации.

- Денеска се одбележуваат 25 години од почетокот на мировната мисија на НАТО во Косово. Мисијата работи на одржување на безбедна средина и обезбедување слобода на движење за сите луѓе во Косово, непристрасно и во согласност со нејзиниот мандат на ОН, се вели во соопштението на КФОР. иа/мс/

Тагови

Остани поврзан