• понеделник, 23 декември 2024

НАТО за 12 отсто го зголемува воениот буџет за 2024 година

НАТО за 12 отсто го зголемува воениот буџет за 2024 година

Брисел, 13 декември 2023 (МИА) - НАТО денеска соопшти дека го зголемил воениот буџет за 2024 година за 12 отсто, на 2,03 милијарди евра, додека цивилниот буџет на Алијансата е зголемен за 18,2 отсто, на 438,1 милиони евра.

Зголемувањето и проширувањето на заедничкиот буџет на НАТО им овозможува на сојузниците поефикасно да се справат со заедничките безбедносни предизвици, соопштија од седиштето Алијансата во Брисел.

Цивилниот буџет на НАТО обезбедува средства за персонал, оперативни трошоци и програмско проширување на штабот на НАТО и неговиот меѓународен персонал, додека воениот буџет ги покрива оперативните трошоци на командната структура на штабовите на НАТО, мисиите и операциите низ светот, наведуваат британските медиуми. сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан