• понеделник, 23 декември 2024

НАТО ги осуди киберактивностите чија цел е евроатлантската безбедност

НАТО ги осуди киберактивностите чија цел е евроатлантската безбедност
Брисел, 19 јули 2021 (МИА) – НАТО ги осуди киберактивностите на Кина со цел нанесување штета на евроатлантската безбедност, јави агенцијата Анадолија. - Ја осудуваме злонамерната киберактивност осмислена да ја дестабилизира и да ѝ наштети на евроатлантската безбедност и да го наруши секојдневниот живот на нашите граѓани, се наведува во соопштението на НАТО. Нагласувајќи ја одлучноста на НАТО да ги одврати и сузбие киберзаканите, се истакнува дека таквите активности ја нарушуваат безбедноста и стабилноста на киберпросторот: „Ги поздравуваме изјавите на сојузниците како што се Канада, Велика Британија и САД кои одговорноста за хакирањето на серверот Мајкрософт ексчејнџ ѝ ја припишуваат на Кина.“ Сите држави, вклучувајќи ја Кина, ги повикаа да се придржуваат на меѓународните обврски во киберпросторот. Нагласена е и подготвеноста за одржување конструктивен дијалог со Кина. Европската Унија исто така упати соопштение, повикувајќи ја Кина да преземе мерки против злонамерните киберактивности од нејзина територија, и најостро ги осуди споменатите активности, потсетува Анадолија.

Остани поврзан