• понеделник, 23 декември 2024

НАТО: Американските трупи нема да бидат повлечени од Косово

НАТО: Американските трупи нема да бидат повлечени од Косово
Приштина, 20 ноември 2020 (МИА) - Американските трупи нема да бидат повлечени од Косово, иако Пентагон го започна планираното повлекување на американските трупи од Ирак и Авганистан. Таа информација ја потврди извор од НАТО, додавајќи дека не се очекува истото да се случи и со Косово, објави порталот Зери. НАТО вели дека сојузниците се посветени на одржување на своите сили во мисијата КФОР, која се состои од повеќе од 3.000 војници. „Ние редовно ја проценуваме нашата мисија на КФОР и врз основа на тоа сите сојузници се согласуваат дека треба да ја одржиме сегашната сила од приближно 3.000 војници. Во согласност со мандатот на ОН, нашата мисија на КФОР ќе продолжи да обезбедува мирно и безбедно опкружување и слобода на движење за сите заедници во Косово“, рече неименуван претставник на НАТО. Дијалогот меѓу Белград и Приштина е важен за НАТО, за кој велат дека целосно го поддржуваат. „НАТО, исто така, целосно го поддржува продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ. Ова е клучно за Белград и Приштина, но исто така и за регионалниот мир и безбедност", додаде официјалниот претставник на НАТО. паг/

Остани поврзан