• сабота, 21 декември 2024

Народната банка ќе ги презентира есенските макроекономски проекции

Народната банка ќе ги презентира есенските макроекономски проекции

Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) - Народната банка денеска ќе ги презентира есенските макроекономски проекции. На прес-конференцијата најавено е присуство на раководството на централната банка. 

Според пролетните макроекономски проекции, просечната инфлација за годинава беше проектирана на ниво од 3,5 проценти, а растот на македонската економија на 2,6 проценти. Како што беше посочено тогаш ризиците околу инфлацијата сѐ уште постојат и се поврзани главно со цените на примарните производи, промените на регулираните цени, како и со политиките на страната на побарувачката. Како што тогаш изјави гувернерката, задржана е определбата за претпазливост во монетарната политика, а идните промени ќе зависат од трендовите на девизниот пазар и движењето на инфлацијата и инфлациските очекувања, како и од поставеноста на ЕЦБ.

По намалувањето на каматните стапки од страна на Европската централна банка, Народната банка почна со претпазливо олабавување на монетарната политика со намалување на основната каматна стапка за 0,5 процентни поени. бак/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан