• понеделник, 25 ноември 2024

Наредната недела се очекува српската Влада да ја укине забраната за извоз на масло за јадење

Наредната недела се очекува српската Влада да ја укине забраната за извоз на масло за јадење
Штип, 9 април 2022 (МИА) - Наредната недела се очекува одлука за укинување на забраната на извозот на нерефинирано и рафинирано масло за јадење од Србија, информираа денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, телефонски разговараше со потпретседателот на Владата на Република Србија, Бранислав Недимовиќ, од кого беше информиран дека се работи на одлуката за укинување на забраната за извоз на нерафинирано и рафинирано масло за јадење и истата се очекува да ја донесе следната недела, велат од МЗШВ. Од најголемиот македонски производител на масло за јадење, фабриката „Билијант“ во Штип, која е дел од компанијата „Витаминка“, посочуваат дека произведуваат масло за јадење, како и пред кризата. Коста Ташков од „Брилијант“ за МИА изјави дека постојано испорачуваат масло за јадење, но поради тоа што имаат најниска цена на пазарот, рафтовите забрзано се празнат, а се добива впечаток и дека граѓаните складираат поголеми количини на масло за јадење во своите домови. Ташков забележува дека од македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство доаѓаат добри вести за укинувањето на забраната од страна на Србија, од каде што го набавуваат и суровото масло.  Во овој период набавиле и 600 тони сурово масло од Бугарија, а пристигнала и една цистерна од Украина, за да го пробаат производството. Смета дека суровото масло од Украина е со висок квалитет. Што се однесува за цената на маслото за јадење, засега не се знае дали ќе има нови покачувања и се ќе зависи од цената на светските берзи и кризата во Украина. вдј/фф/

Остани поврзан