• недела, 30 јуни 2024

Наполи не смее да оди во Торино, натпреварот со Јувентус ќе биде одложен

Наполи не смее да оди во Торино, натпреварот со Јувентус ќе биде одложен
Неапол, 3 октомври 2020 (МИА) - Здравствената служба на градот Неапол, му забрани на Наполи да лета за Торино за мечот од 3. коло во Серија А против Јувентус, објави на својата веб-страницата новинарот Џанлука ди Марцио. Забележано е дека службата за безбедност ги блокираше играчите на клубот на аеродромот. Причината беше избувнувањето на коронавирусот во тимот. Претходно стана познато дека двајца фудбалери и еден вработен во „Наполитанците“ имаа позитивни тестови на коронавирус. Најверојатно натпреварот ќе биде презакажан за друг термин. зс/

Остани поврзан