• петок, 22 ноември 2024

Наплатата на комунални сметки во Тетово е околу 30 отсто, над 10 милиони евра се неплатени обврски кон ЈКП

Наплатата на комунални сметки во Тетово е околу 30 отсто, над 10 милиони евра се неплатени обврски кон ЈКП
Тетово, 6 јули 2022 (МИА) - Наплатата на комуналните сметки во Тетово е околу 30 проценти, информираше денеска градоначалникот Биљал Касами. Поради ниската наплата Јавното комунално претријатие „Тетово“ доцни со платите и придонесите за вработените. -Кога правиме проценка месечно колку се плаќа испаѓа околу 80 проценти. Но кога се зема за кој месец се тие плаќања, испаѓа дека поголемиот дел се заостанатите обврски, а месеците кога сме дојдени ние не поминува 25-35 посто. За јануари, ако споредиме фактурирање за јануари и плаќање за јануари, плаќањето не поминува 20 -30 посто. Затоа апелираме и бараме од граѓаните таа свест да се зголеми. ЈКП ќе го доекипираме во делот на инкасирање на побарувања на фактурите, изјави Касами. Тој рече дека се обидуваат како општинска власт да помогнат на ЈКП , но мора да се востанови самоодржливост на претријатието и граѓаните да си ги плаќаат сметките. - Во случајот го правиме своето, услугите бидат реализирани навремено и квалитетно како што ни бараат граѓаните. Затоа бараме од граѓаните да бидат пососвесни и да ги плаќаат своите обрвски кон јавното комунално. Неплаќање на обврските е ситуација години наназад. Над 10 милиони евра не се платени обврски од граѓаните према ЈКП и ние не можеме перманентно како општинска власт да субвенционираме ЈКП затоа што и тие пари се пари на граѓаните кои треба да одат во проекти, истакна Касами. ас/цр

Остани поврзан