• понеделник, 01 јули 2024

Напаѓачот на Барселона Депај се согласи на договор со Атлетико Мадрид

Напаѓачот на Барселона Депај се согласи на договор со Атлетико Мадрид

Барселона, 17 јануари 2023 (МИА) - Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај, постигна договор со Атлетико Мадрид.

Како што објави „Мундо Депортиво“, холандскиот напаѓач веќе се договорил за соработка со мадридскиот клуб до 2025 година.

Исто така, се известува дека играчот од средниот ред Јаник Караско може да замине во Барселона во замена за Депај.

Холанѓанецот за каталонскиот клуб настапува од летото 2021 година. Неговиот актуелен договор со Каталонците е до јуни 2023 година. Претходно играше за Олимпик Лион, Манчестер јунајтед и ПСВ.

Оваа сезона 28-годишниот Депај одигра четири натпревари за Барселона во сите натпреварувања и постигна еден гол.

Според „Трансфермаркт“, фудбалерот вреди 20 милиони евра. зс/

Остани поврзан