• петок, 05 декември 2025

Нападнат и ограбен жител на липковското село Ваксинце

Нападнат и ограбен жител на липковското село Ваксинце
Куманово, 24 февруари 2022 (МИА) - Засега непознато лице со тврд предмет нападнало 62-годишен жител на Ваксинце и му одзел пари на улица во централното градско подрачје на Куманово, соопшти денеска СВР Куманово. - Вчера во 19:40 часот во СВР Куманово, Р.И.(62) од село Ваксинце, општина Липково, пријавил дека околу 17:00 часот на улицата „11 Октомври“ едно лице го нападнало со тврд предмет и му одзело пари, соопшти СВР Куманово. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. ам/фф/

Остани поврзан