• сабота, 23 ноември 2024

Наоми Кемпбел доби милионска тужба од поранешното момче

Наоми Кемпбел доби милионска тужба од поранешното момче
Лондон, 7 септември 2020 (МИА) - Супермоделката и глумица Наоми Кемпбел доби тужба од своето поранешно момче, рускиот милијардер Владислав Доронин. Богатството на англиската манекенка се проценува на 60 милиони долари. Во судските документи, Доронин (57) тврди дека таа му должи вкупно три милиони долари од времето кога тие двајца биле во врска. Пред неколку години британската милионерка, која е на самиот праг на шестото десетлетие од животот, беше осудена за четири случаи на физички напад, кои се случиле меѓу 1998 и 2015 година. Кемпбел и Доронин беа во врска од 2008 до 2013 година. Рускиот бизнисмен денес е во врска со својата сонародничка, манекенката Кристина Романова. си/сд/

Остани поврзан