• среда, 06 ноември 2024

Намирници што помагаат во намалување на целулитот

Намирници што помагаат во намалување на целулитот

Лос Анџелес, 24 август 2023 (МИА) - Денешниот пазар е полн средства и производи за кожа, за кои се тврди дека го намалуваат целулитот, но доаѓаат со минимални докази за нивната делотворност, пишува „Кликс“.

Многу од овие производи може привремено да го затегнат горниот слој на кожата, велат познавачите, но не можат да го решат основниот проблем под кожата. Наместо тоа, личноста треба да се сосредоточи на здравите навики поврзани со тежината, исхраната, внесот на течности и соодветна физичка активност.

Дополнителната тежина може да го направи целулитот повидлив. Ова значи намалување на калориите онаму каде што има смисла во индивидуалниот животен стил, како што е дозирање на оброците, помалку додадено масло или помала количина шеќери во исхраната. Тоа може да значи и подобрување на рутината за вежбање со кардиоваскуларни активности и тренинг за отпорност. Следат пет намирници коишто може да помогнат во намалување на целулитот.

Боровинки

Јадењето овошје воопшто, како и зеленчукот, постојано се поврзуваат со посакуваната помала телесна тежина. Боровинките, меѓу другото, ја намалуваат и опасноста од хронични болести како што е високиот крвен притисок, објави „Европскиот журнал за нутриција“ (European Journal of Nutrition).

Леќа

Како и другите мешунки како што се грав, папуда или грашок, и леќата е одличен извор на влакна. Исто така, откриено е дека предизвикуваат и губење на тежината за луѓето кои ги консумираат редовно, се наведува во напис на американскиот „Журнал за клиничка нутриција“.

Круши

Тие се едно од овошјата со најмногу растителни влакна - просечно околу шест грама во овошка. Круката особено се препорачува исечкана па натопена во путер од кикирики, или измешана во овесна каша.

Печурки

Toa е „месото“ во растителното царство. Со својот богат вкус, печурките се ставаат во јадења со месо - обично се мешаат со пилешко или говедско месо, заради поразновиден вкус, но и да се намалат калориите.

Банани

Најчесто важат за извор на калиум - минерал поврзан со контролата на отекувањата, бидејќи има обратна врска со натриумот. Задржувањето течности поради високиот внос на сол во исхраната може да доведе до отоци коишто водат до појава на целулит.  си/сд/

Фото: Пиксабеј

Остани поврзан