Намибија избра жена за претседател на спорните избори
- Кандидатката на владејачката партија СВАПО Нетумбо Нанди-Ндаитва е избрана за прва жена претседателка на Намибија по минатонеделните спорни избори, јавува денеска Би-би-си.
Виндхук, 4 декември 2024 (МИА) - Кандидатката на владејачката партија СВАПО Нетумбо Нанди-Ндаитва е избрана за прва жена претседателка на Намибија по минатонеделните спорни избори, јавува денеска Би-би-си.
Државната изборна комисија соопшти дека таа освоила повеќе од 57 отсто од гласовите, додека нејзиниот најблизок ривал Пандулини Итула од опозициската партија Независни патриоти за промени (ИПЦ) доби 26 отсто.
Но, откако логистичките проблеми доведоа до тридневно продолжување на гласањето во некои делови од земјата, Итула рече дека неговата партија нема да ги признае резултатите поради можна изборна измама. Повеќето опозициски партии го бојкотираа објавувањето на резултатите во вторникот вечерта во главниот град Виндхук.
-Намибија гласаше за мир и стабилност, рече Нанди-Ндаитва по објавувањето на официјалните резултати.
СВАПО е на власт во Намибија од независноста од Јужна Африка во 1990 година. мс/
фото: Википедија