• вторник, 26 ноември 2024

Наместо во карантин, уште четири гостиварци заминале преку граница

Наместо во карантин, уште четири гостиварци заминале преку граница
Гостивар, 19 август 2021 (МИА) - Двајца мажи и две жени од гостиварско се соочуваат со кривични пријави, бидејќи не ги почитувале решенијата за изолација и домашно лекување. Полицијата, изминатава недела откри над двесет вакви прекршувања. Според СВР Тетово, вчера (18 август) во периодот од 10 до 20 часот, полициски службеници на ОВР Гостивар, во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека вкупно четири лица од Гостивар и гостиварските села Чегране, Беловиште и Мало Турчане, не ги почитувале решенијата за изолација и домашно лекување. За сите четири е утврдено дека заминале надвор од земјата. Против лицата, од кои две се машки и две женски, на возраст од 24 до 74 години, ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик. Во овој период, исто така, било утврдено дека едно малолетно женско лице од тетовско Вешала со решение за изолација ја напуштило земјата. И против малолетничката ќе следува поднесок. Во текот на вчерашниот ден (18 август) на 20 лица (ТЕ) и 13 лицa (ГВ) изготвени им се соодветни поднесоци за неносење на заштита на лицето. згм/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан