• понеделник, 25 ноември 2024

Намален бројот на бегалци и мигранти кои престојуваат во Грција, но зголемен бројот на нови пристигнувања

Намален бројот на бегалци и мигранти кои престојуваат во Грција, но зголемен бројот на нови пристигнувања
Атина, 27 јули 2022 (МИА) – За 58 отсто се намалил бројот на бегалци и мигранти кои престојуваат во цела Грција во јуни годинава, споредбено со истиот период лани, меѓутоа во првата половина на 2022 година има зголемување за 23 отсто на бегалските бранови и пристигнувања, јави дописничката на МИА од Атина. Според месечниот извештај од Министерството за миграција и азил на Грција, во јуни во земјата престојувале 20.557 бегалци и мигранти, од кои 11 отсто се на островите, каде што за една година има намалување за 67 проценти на бројот на лица. Најголемо намалување на лицата кои престојуваат на островите има на Лезбос, за 74 отсто, следи Хиос со 68 проценти, Самос со 64 отсто, Кос со 41 процент и Лерос со намалување за 28 отсто.. Бегалските бранови во првата половина на 2022 година се зголемиле за 28 отсто на островите и 23 проценти во целата земја во споредба со првиот квартал од 2021 година. Во месечниот извештај од Министерството за миграција и азил на Грција вклучени се податоци и за раселените лица од Украина, а од почетокот на војната заклучно со 30 јуни 2022 година во земјата пристигнале 47.726 украински државјани од кои 25 отсто се малолетни. ср/сд/

Остани поврзан