• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Наинголан ќе го пропушти мечот со Сасуоло поради повреда

Наинголан ќе го пропушти мечот со Сасуоло поради повреда
Милано, 28 ноември 2020 (МИА) - Играчот за врска на Интер, Раџа Наинголан нема да може да учествува во натпреварот од 9. коло на италијанскиот шампионат против Сасуоло, соопштува прес-службата на „нероаѕурите“. Триесет и двегодишниот Белгиец се здоби со повреда на мускул на десната нога. Сезонава Наинголан одигра пет натпревари за Интер и нема постигнато гол. зс/  

Остани поврзан