Назначен републикански претставник кој ќе го истражува нападот врз Капитол
- Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси денеска официјално го назначи републиканскиот претставник Адам Кинцингер за член на комитетот.
Вашингтон, 25 јули 2021 (МИА) - Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси денеска официјално го назначи републиканскиот претставник Адам Кинцингер за член на комитетот.
Тој ќе го истражува нападот извршен врз американскиот Капитол на 6 јануари од страна на приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Пелоси во соопштение наведе дека Кинцингер „носи голем патриотизам во мисијата на одборот, што подразбира пронаоѓање на фактите и заштита на американската демократија“.
Засега е непознато дали таа ќе именува уште некој републиканец.
Претходно, Пелоси во интервју за Еј-Би-Си рече дека и други републиканци изразиле интерес да работат на панелот.
Кинцингер (43) е ветеран во авијацијата и отворен критичар на Трамп.
Тој беше еден од седумте републиканци кои гласаа за отповикување на Трамп на почетокот на оваа година поради обвинение за поттикнување напад врз Капитол. паг/