• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Над 50 отсто од возачите во Велешко ја смениле возачката дозвола со новото уставно име

Над 50 отсто од возачите во Велешко ја смениле возачката дозвола со новото уставно име

Велес, 8 октомври 2024 (МИА) - Од околу 39.000 граѓани кои поседуваат возачки дозволи, на територијата на Општините Велес, Чашка и Градско, во периодот од 5 јули лани кога почна изработката на возачки дозволи со ново уставно име до 2 октомври годинава - 20.499 возачи го смениле овој личен документ. Како што информираат од Отсекот за управни работи Велес, над 50 отсто од возачите веќе ја завршиле постапката за да се снабдуваат со воизачки дозволи.

Тие потенцираат дека шалтерите на Отсекот за управни работи Велес работат со полн капацитет, со цел да излезат во пресрет на граѓаните без притоа да се создадат непотребни гужви.

Од ОУР Велес појаснуваат дека бројката на запишани во Регистарот изнесува околу 39.000 возачи и варира бидејќи постојат возачи кои што мигрираат од едно во друго населено место, некои починале, а секојдневно кај нив за добивање возачка дозвола се пријавуваат и ново положени возачи, воедно и лица кои ги замениле своите македонски возачки со странски возачки дозволи.

Инаку, по законски пропишаниот рок за замена на возачки дозволи 31 декември 2024 година, ќе престане важноста на старите возачки дозволи, без разлика на датумот на година на важност во нив.ад/фф/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан