• понеделник, 23 декември 2024

Над 100 загинати во нападите на исламистите од Ал-Шабаб врз двете воени бази во Сомалија

Над 100 загинати во нападите на исламистите од Ал-Шабаб врз двете воени бази во Сомалија
Могадишу, 3 април 2021 (МИА) - Над 100 лица загинаа во денешните раноутрински напади врз двете воени бази во Сомалија, соопшти армијата, пренесе ДПА. Двајца бомбаши самоубијци, рано утринава, пред зори, нападнале две армиски позиции во округот Авдегел и селото Бариер во нестабилната покраина Долна Шабел. -Напаѓачите на Ал-Шабааб утрово извршија комплексен напад врз две воени бази во покраината Долна Шабел, изјави денеска владиниот портпарол Исмаел Мухтар. Набргу по бомбашките напади тешко вооружените бунтовници се обиделе да упаднат во армиските бази. Дошло до размена на оган по кое сомалиските вооружени сили првично соопштија дека во двата напада убиле 19 милитанти. -Ние ги одбивме терористите кои сакаа да предизвикаат хаос во нашата армија. Загубивме четворица војници, а голем број други беа ранети, за ДПА веднаш по нападите изјави армискиот командант Абдулахи Раге. Подоцна, тој додаде дека се убиени 116 бунтовници, меѓу кои и тројца команданти од терористичката милиција. Армијата соопштува дека денеска е изведен еден од најсмртоносните напади врз ал-Шабаб досега. Војниците во двете бази биле обучувани од Турција. Исламистичката група ал-Шабааб ги потврди двата напада преку својата радиостаница Андалус, соопштувајќи дека во нив се убиени 47 војници. Во соопштението се додава дека во нападите биле заробени оружје, муниција и возила. Ал-Шабааб со години се бори за доминација во оваа земја во Африка. Терористичката група контролира големи делови на југот и центарот и постојано извршува напади врз цивили и безбедносни сили.сд/

Остани поврзан