• сабота, 21 декември 2024
На денешен ден
17 ноември 2020 (МИА) - Денеска е Меѓународен ден на студентската младина. 1587.- Роден е холандскиот писател Јост ван ден Вондел, најплодниот и најзначајниот книжевник на холандскиот барок. Пишувал патриотски, сатирични и пригодни песни, а во драмите обработувал библиски, антички и историски теми со кои значително влијаел на европската литература. Дела: драми: „Псха“, „Паламед“, „Хизбрехт ван Амател“, „Луцифер“, „Јефта“. 1755.- Роден е францускиот крал Луј XVIII, кој владеел во времето на реставрацијата по падот на царот Наполеон I. Титулата крал ја носел од 1795 година, но вистински владеел од 1814 до својата смрт во 1824 година, кога на престолот го наследил братот Шарл X. Нивниот трет брат кралот Луј XVI бил погубен на гилотина во 1793 година, во време на Француската револуција. 1788.- Роден е рускиот актер Михаил Семјонович Шчепкин, најзначајниот уметник на рускиот и светски театар во првата половина на 19. век, кој настојувл да ги објасни тајните на актерството. 1800.- Конгресот на САД првпат се состанал во новата престолнина Вашингтон, а американскиот претседател Џон Адамс станал првиот станар на официјалната резиденција на претседателот на САД, подоцна наречена Белата куќа. 1855.- Шкотскиот истражувач Дејвид Ливингстон ги открил водопадите на реката Замбези, наречени според името на англиската кралица - Викториини водопади. Нивната ширина изнесува 1.717 метри, а висината е околу 100 метри. 1858.- Умрел велшкиот филантроп Роберт Овен, социјалист-утопист и социјален реформатор, индустријалец кој своето богатство го потрошил на остварување на проектите на социјалните реформи. Тој и неговите следбеници биле наречени „социјалисти“. Дела: „Нови погледи на општеството“, „Скица на рационалниот систем на општеството“, „Книга за новиот светски морал“. 1869.- Свечено бил отворен Суецкиот Канал, најголем поморски канал, што се наоѓа во североисточниот дел на Египет, по должина на западната граница на Синајскиот Полуостров и ги разделува азискиот и африканскиот континент. Каналот е долг 161 км, на површината е широк 190 м, длабок од 12,8 до 16,2 м и ги поврзува Средоземното и Црвеното Море. Под раководство на Французинот Фердинанд Лесепс, а според проектот на австрискиот инженер Алоја Нагрели, каналот бил копан цели десет години, почнувајќи од 1859 година. Вкупните трошоци за изградбата изнесувале над 423 милиони тогашни франци, а исклучително тешките услови за работа однесле речиси 20.000 човечки животи. 1887.- Роден е британскиот фелдмаршал Бернард Ло Монтгомери, еден од најпознатите сојузнички војсководачи во Втората светска војна. Историчарите го сметаат за најголем британски војсководец по Артур Велзли Велингтон. Победата на неговата Осма армија врз Африканскиот корпус на германскиот генерал Ервин Ромел во битката кај Ел Аламејн кон крајот на 1942 година, го свртела текот на војната во Африка. 1913.- Првите бродови поминале низ Панамскиот Канал. Со должина од 82 километри, каналот свечено бил отворен во 1914 година. 1954.- Египетскиот генерал Гамал Абдел Насер станал шеф на државата по падот на претседателот Мохамед Нагиби, кој во 1972 година го тргнал од престолот кралот Фарук I и монархијата во Египет. 1958.- Суданската војска ја урнала цивилната влада која траела две години по стекнувањето независност, а за нов претседател на влада бил назначен генералот Ибрахим Абуд. 1969.- Советскиот Сојуз и САД во Хелсинки ги почнале разговорите за ограничување на стратегиското вооружување. 1971.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар била изведена првата опера на македонскиот композитор Трајко Прокопиев - „Разделба“, напишана според драмата „Печалбари“ од македонскиот писател Антон Панов. Под диригенство на авторот, а во режија на Васил Ќортошев, во главните улоги настапиле Георги Божиков, Евдокија Доброхотова, Анастасија Димитрова, Ана Липша - Тофовиќ и Никола Гагов. 1972.- Поранешниот претседател на Аргентина Хуан Перон се вратил во земјата по 17-годишниот егзил. 1974.- Првите собраниски избори во Грција по повеќе од 10 години завршиле со убедлива победа на Нова демократија на Константин Караманлис. 1976.- Кина ја извела најголемата нуклеарна експлозија во атмосферата. 1977.- Претседателот на Египет Анвар ел Садат ја прифатил поканата за посета на Израел, игнорирајќи го незадоволството на арапските земји и на сопствената влада. 1984.- Светски ден на непушењето (прогласен е на Петтата светска конференција за пушењето и за здравјето одржана во Канада во 1984 година). 1989.- Бугарското Собрание го сменило Тодор Живков од функцијата шеф на државата. 1991.- Усвоен бил Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на суверена и самостојна Република Македонија. На 16 ноември 2001 година, Собранието на Република Македонија ги прогласило 15-те амандмани за промена на Уставот на Република Македонија, иницирани со Рамковниот охридски договор. 1996.- Во Република Македонија билее одржани првите локални избори по осамостојувањето на земјата - за градоначалници и за совети на 123 општини, односно 124 со градоначалникот и Советот на Град Скопје. 1997.- Најголемата египетска организација на исламските терористи „Ел Гама ел Исламија“ покрај храмовите во Луксор убила 58 странски туристи и четворица Египќани. Тоа бил дотогаш најкрвавиот терористички напад во Египет. 1998.- Израелското Собрание (Кнесет) со мнозинство гласови го ратификувало „Вај договорот“ со кој било предвидено отстапување на делови од окупираните територии на палестинската самоуправа. 2002.- Поранешниот италијански премиер Џулио Андреоти бил осуден на 24 години затвор како нарачател на убиство на новинарот Мино Пекорели во 1979 година. Една година подоцна, Врховниот суд на Италија донесол ослободителна пресуда во која е наведено дека доживотнот сенатор на никаков начин не е вмешан во убиството. 2005.- Алберт II свечено бил устоличен како монарх на Кнежеството Монако. Кнезот Алберт II му припаѓа на семејството Грималди. 2006.- Умреш Ференц Пушкаш најдобриот унгарски фудбалер во историјата на земјатаи еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња. 2006.- Холандската Влада донесла одлука за целосна забрана за носење на бурки и шамии на јавни места со кои муслиманките го прекриваат своето лице. 2014.- По долго боледување Скопје починал писателот Александар Ежов. Припадник е на генерацијата критичари која во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век оставила силен печат во книжевниот живот. Ежов во тие години, познати како период на македонската книжевна конфронтација, бил уредник во издавачката куќа „Македонска книга“ и на списанието „Современост“. Член на Друштвото на писателите на Македонија бил од 1958 година. Роден бил во 1928 година во Прилеп. 2016.- Дваесет и шест храбри пливачи, пркосејќи и на вонредно солената вода, успеаја да го препливаат Мртвото Море од јорданскиот до израелскиот брег, што е прв таков потфат кога било преземен. Настанот е организиран од асоцијацијата „Еко-Пис“, а пливачите растојанието од 15 километри го препливаа за седум часа. 2017.- Во Скопје на 94 години почина Благојка Џалева-Ангелова, првоборец и носител на партизанска споменица 1941. Благојка Џалева-Ангелова, е учесник во НОБ и Антифашистичката војна и за својата активност и за изградбата на повоена Македонија е одликувана со повеќе ордени и признанија. Работниот век го помина во Агенцијата за вработување на високи раководни функции. ###

Остани поврзан