• недела, 22 декември 2024
На денешен ден
25 септември 2020 (МИА) - Денеска е Светски ден на срцето 1493.- Шпанскиот морепловец од италијанско потекло Кристофор Колумбо исплови од пристаништето Кадис на второто патување во Новиот свет, кој го откри во 1492 година. 1513.- Шпанскиот истражувач Васко Нуњез де Балбо го помина Панамскиот канал и стана првиот Европјанин кој го виде Тихиот Океан. 1555.- Со мирот во Аугзбург германските протестантски земји правно се изедначени со римокатоличките држави. 1744.- Роден е прускиот крал Фридрих Вилхелм II, кој во текот на владеењето од 1786 до смртта во 1797 година спроведувал политика на територијално проширување на земјата. 1825.- Меѓу Дарлингтон и Стоктон, во Велика Британија, е пуштена во сообраќај првата железничка линија за јавен сообраќај. Овој ден се смета за почеток на историјата на железниците не само во Велика Британија туку и во светот. 1849.- Во Виена умре Јохан Штраус постариот, австриски композитор, татко на популарните виенски композитори Јохан, Јозеф и Едуард. Покрај Ленар, тој е најзаслужен за популарноста на виенскиот валцер во почетокот на 19. век. Роден е во Виена, на 14 март 1804 година. 1866.- Роден е американскиот биолог и генетичар Томас Хант Морган, основач на генетиката, добитник на Нобеловата награда за мир во 1933 година за откривање на функцијата на хромозомот во пренесување на наследните својства. 1866.- Роден е италијанскиот државник Алесандро Пертини, претседател на Италија од 1978 до 1985 година, најпопуларен италијански политичар по Втората светска војна. Во 1918 година стана член на италијанската Социјалистичка партија, повеќе години помина во фашистички затвори, а во Втората светска војна учествуваше во движење на отпорот. Пертини потоа беше пратеник и сенатор. 1897.- Роден е американскиот писател Вилијам Фокнер, добитник на Нобеловата награда за литература во 1949 година. Дела: „Сарторис“, „Светлина во август“, „Комарци, „Диво племе“, „Старец“ и други. 1903.- На врвовите Гандач и Гола Чука, на Пајак Планина, четите на македонските војводи Апостол Петков и И. Карасулијата водеа жестока борба против турската војска, нанесувајќи и загуби од 180 заги 1906.- Роден е рускиот композитор Дмитрија Дмитријевич Шостакович, член на Српската академија на науките и уметностите. Ја напиша монументалната „Петта симфонија“, а во најтешките денови на германската блокада на Ленинград во Втората светска војна „Седма (Ленинградска) симфонија“. Останати дела: „Нос“, ораториумот „Шумите пеат“, симфонии, концерти, камерна музика. 1932.- На шпанската покраина Католонија и е дадена автономија. 1940.- Во Норвешка на власт дојде квислиншката влада (наречена според норвешкиот политичар и мајор Вудкун Квислинг кој учествуваше во германската агресија на Норвешка во 1940 година, по што се прогласи за шеф на новосоздадената марионетска влада, а во 1945 година е осуден на смрт поради велепредавство), синоним на соработниците на фашистичкиот окупатор низ цела Европа. 1943.- Црвената армија во Втората светска војна го ослободи Смоленск, еден од последните значајни упоришта на германските нацистички сили на територијата на СССР. 1943.- Во Тирана умре Нико Нестор, еден од најголемите раководители и борец на народноослободителното движење во Струга и Струшко. 1946.- Во Скопје е основано Работничко културно-уметничкото друштво "Кочо Рацин". Друштвото го формира Месниот синдикален совет на Скопје, со цел да ги обедини работниците и службениците заради развивање на културно-просветната дејност. 1956.- Во употреба е пуштен првиот трансатлантски телефонски кабел, поставен помеѓу Обен во Шкотска и Њуфаундленд во Канада. 1959.- Врз цејлонскиот премиер Соломон Бандаранајке во Коломбо е извршен атентат од еден будистички калуѓер. Претседателот на цејлонската влада еден ден потоа им подлегна на повредите. 1960.- Во Охрид почна снимањето на „Мирно лето“, прв долгометражен филм во режија на македонски автор, режисерот Димитрие Османли, а во продукција на „Вардар филм“. „Мирно лето“ истовремено е и првата и долго време единствена филмска комедија во Македонија. 1963.- Војската во Домениканската Република ја собори либералната влада на Хуан Бош, која беше формирана седум месеци пред тоа. 1970.- Умре Ерух Марија Ремарк, германски писател, голем противник на војната и на нацизмот. Во 1932 година од Германија емигрира во Швајцарија, а потоа во САД. Се прослави уште со својот прв роман "На запад ништо ново", во кој прикажа еден период од Првата светска војна. Други негови дела се "Тројцата воени другари", "Триумфална порта", "Искра на живот" и други дела. Роден е во 1898 година. 1972.- Премиерот Какуе Танака допатува во Пекинг како прв шеф на јапонска влада кој по Втората светска војна стапна на тлото на Кина. 1973.- Американскиот вселенски брод „Скајлаб 2“ се спушти на Пацификот со тричлен екипаж, кој помина 59 дена околу Земјата. 1978.- Врз Сан Диего американски патнички авион „Боинг 727“ се судри со помал авион. Притоа, загинаа 137 патници и членови на екипажот, како и 14 луѓе на земјата. 1992.- Москва и Вашингтон дозволија слободно патување на руски и американски новинари и бизнисмени кои работат во Русија, односно во САД. 1994.- Швајцарците на референдум го одобрија планот на владата за донесување закон против расизмот. 1997.- Британски суперсоничен автомобил во Невада постави нов светски рекорд на тлото од 1.142 километри на час. 1998.- Во Скопје умре д-р Ангел Симов, редовен професор на Фармацевтскиот факултет во Скопје и еден од основачите на овој Факултет. Роден е во 1934 година. 1999.- Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“, излезе првиот број на дневниот весник „Скок“. 2000.- Во Скопје, првпат од отворањето на Центарот за трансплантација при Клиниката за хематологија, се изведени првите две пресадувања на коскена срцевина во Република Македонија. 2018.- Во Скопје почина Ѓоре Ценев, долгогодишен предавач и менаџер на Планетариумот при Младинскиот културен центар. Ценев дипломирал Физика, насока инженерство на Институтот по физика при Природно математичкиот факултет во Скопје 1979 година. Во 1980 година се вработува како менаџер и предавач во Планетариумот во Скопје, единствената установа од таков вид во нашата држава, каде што секоја година поминуваат генерации и генерации на ученици од основните и средните училишта. Со истражувачка дејност започнува во 1982 година, на полето на културна астрономија (етно-астрономија, архео-астрономија). Во соработка со Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје, ги започнува истражувањата на полето етно-астрономија во Република Македонија. Овие истражувања во континуитет траат 22 години и при тоа се собрани информации од над 140 села. Како резултат на овие истражувања ја издава книгата „Небото над Македонија“ во 2004 година. Исто така, резултатите од овие истражувања беа неформално презентирани на 7. конференција на Комитетот на нематеријални културни добра при УНЕСКО во Париз во 2012 година. Во тек е и процедурата за впишување на ова нематеријално културно добро во локалниот регистер на нематеријално културно наследство на Република Македонија. Почнувајки од 2002 година работи на полето на архео-астрономијата каде што во соработка со Археолошкиот музеј од Куманово учествува во архео-астрономската анализа на археолошкиот локалитет „Кокино“ при што докажа постоење на древна астрономска опсерваторија. Истражувањата беа презентирани на повеќе научни конференции во светот и денес „Кокино“ е една од најпознатите древни опсерватории во светот. Во 2006-та година тоа го потврди и НАСА, набројувајќи го локалитетот „Кокино“ во листата на древни опсерватории во светот. ###

Остани поврзан