• понеделник, 25 ноември 2024
На денешен ден
14 мај 2022 (МИА)   1610.- Францускиот крал Анри Четврти, првиот монарх од династијата Бурбон, во Париз бил убиен од еден католички верски фанатик. На престолот го наследил деветгодишниот Луј Тринаесетти, со мајката кралица Марија Медичи, како регент. Традиционално се смета за најголемиот владетел во историјата на Франција – под името „Добриот Анри“. 1771.- Роден е велшкиот филантроп Роберт Овен, социјалист утопист и социјален реформатор, индустријалец кој своето богатство го потрошил обидувајќи се да оствари проекти во социјалните реформи. Дела: „Нов поглед на општеството“, „Скица на рационалниот систем на општеството“, „Книга за новиот светски морал“. 1796.- Англискиот лекар Едвард Џенер успешно вакцинирал осумгодишно дете против големи сипаници, поставувајќи ги тогаш темелите на модерната имунологија. 1811.- Република Парагвај добила независност. Била шпанска колонија од 1537 година. 1990.- Во Париз биле отворени вторите модерни Олимписки игри, на кои за првпат на жените им било дозволено да учествуваат. 1912.- Умрел шведскиот писател Јохан Аугуст Стринберг, најконтроверзната личност во шведската книжевност. Бил истовремено натуралистички психолог и фолклорист, историчар и мистик. Дела: „Мајсторот Улуф“, „Татко“, „Госпоѓицата Јулија“, „Танц на смртта“, „Ново царство“... 1912.- Американскиот судија Флоренс Алан станала првата жена која на смрт осудила маж, убиецот Френ Мото, кој бил погубен три месеци подоцна. 1940.- Германците го бомбардирале Ротердам. Притоа загинале околу илјада луѓе. 1948.- Осум часа пред завршувањето на британскиот мандат во Палестина, Израел бил прогласен за држава со претседателот Хајм Вајцман и шефот на владата Давид Бен Гурион, на што следниот ден арапските земји одговориле со инвазија на еврејската држава. 1963.- Државата Кувајт станала член на ООН. 1964.- Советскиот лидер Никита Хрушчов ја отвори Асуанската брана во Египет, која ја изградија советски стручњаци. 1972.- На Јапонија и бил вратен островот Окинава кој бил 27 години под окупација на САД, но значителен дел од островот останал под контрола на американската војска. 1973.- Лансирана била првата американска вселенска лабораторија „Скајлаб I“. 1998.- Во Лос Анџелес умрел Френк Синатра, легендарен американски пејач и актер. Роден бил во Хобикин, Њу Џерси, на 12 декември 1915 година. 2002.- Шефовите на дипломатиите на НАТО и на Русија потпишале договор за формирање на Советoт НАТО-Русија заради соработка во борбата против тероризмот и спречување на ширење на оружјето за масовно уништување.   ###

Остани поврзан