• четврток, 19 декември 2024

Надал: Подготвен сум за крај на кариерата

Надал: Подготвен сум за крај на кариерата

 

Ријад, 18 октомври 2024 (МИА) – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави денеска дека емотивно е подготвен да ја заврши кариерата на претстојното финале на Дејвис купот, но оти ќе настапи само во сингл доколку е целосно подготвен за победа.

Освојувачот на 22 грен слем титули минатата недела објави дека ќе ја заврши кариерата по настапот за шпанската репрезентација на финалето на Дејвис купот што се игра од 19 до 24 ноември во Малага.

„Емотивно сигурно ќе бидам подготвен. Физички и во однос на нивото на игра, ми преостанува уште еден месец за подготовка. Ќе се обидам да бидам во добра форма за да му помогнам на тимот да победи. Ако не сум подготвен за сингл, јас ќе бидам првиот што ќе го каже тоа. Бидете 100 проценти сигурни дека нема да бидам на теренот ако мислам дека не можам да победам на тој меч“, рече Надал, пренесе Би-Би-Си.

Надал вќера загуби од сонародникот Карлос Алкараз со 3:6, 3:6 на ревијалниот турнир во Ријад, а за третото место в сабота ќе игра против големиот ривал Новак Ѓоковиќ, кој беше поразен од Јаник Синер со 2:6, 7:6, 4:6. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан