• недела, 17 ноември 2024

Надал: Играм голф, не сум голем љубител на фитнес

Надал: Играм голф, не сум голем љубител на фитнес
Мелбурн, 19 јануари 2022 (МИА) – Дваесеткратниот грен слем шампион Рафаел Надал ги искажа впечатоците по победата над светскиот рекет број 126 Јаник Ханфман во второто коло на Австралија опен. Натпреварот траеше 2 часа и 42 минути и заврши со резултат 6:2, 6:3, 6:4. - Го познавав претходно. Ако не се лажам, веќе игравме во првото коло на Ролан Гарос пред неколку години. Знаев дека е опасен, а резултатот против Танаси Кокинакис во првото коло покажа дека му оди одлично. Неговото ниво беше многу повисоко од она што го покажува неговиот рејтинг. Му посакувам успешни резултати, тој е одлично момче, изјави Надал. Шпанецот зборуваше и за тоа како работи на својата физичка подготвеност. - Играм голф. Да бидам искрен, не сум голем љубител на теретана. Повеќе сакам да играм. За жал, во последните неколку години, поради повреди на коленото и стапалото, не се занимавам со различни спортови толку често како порано. И сега треба повеќе да се фокусирам на она за што не размислував во минатото. Така, сега поминувам околу час и половина дневно во фитнес центри. Но, искрено, никогаш не сум се билдал многу, истакна Надал. Во следното коло, Надал кој е шести носител на Грен слемот во Мелбурн, ќе се соочи со Русинот Карен Качанов. зс/

Остани поврзан