• недела, 17 ноември 2024

Надал го потврди настапот во Барселона

Надал го потврди настапот во Барселона

 

Барселона, 15 април 2024 година (МИА) – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска го потврди своето учество на турнирот во Барселона, објавувајќи на прес-конференција дека е подготвен да излезе на теренот во вторник.

„Имав добри тренинзи оваа недела и ќе бидам на теренот. Подарок е да се биде овде. Имам чувство дека ова ќе биде мојот последен настап во Барселона и сакам да уживам“, изјави Надал.

Надал го оперираше колкот минатото лето и одигра само три натпревари оваа сезона, сите во Бризбејн пред да го прескокне Австралија Опен.

„Доволно сум подготвен да играм. Така е, како што е. Морам да работам од ден на ден“, рече Надал.

Шпанецот додаде дека чувствува оти сè уште може да биде „конкурентен“.

Надал на почетокот на март одигра егзибициски меч против сонародникот Карлос Алкараз во Лас Вегас, но неколку дена подоцна се повлече од турнирот во Индијан Велс. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан