• недела, 22 декември 2024

Наградниот фонд во Лигата на шампионите се зголеми на 2,5 милијарди евра

Наградниот фонд во Лигата на шампионите се зголеми на 2,5 милијарди евра

Нион, 30 август 2024 (МИА) - Во својот нов формат, наградниот фонд на Лигата на шампионите ќе скокне за 25% на минимум 2,5 милијарди евра по сезона, со резервирани 150 милиони евра за победникот во зависност само од резултатите. Секој од 36-те тимови добива првични 18,6 милиони евра, а потоа 2,1 милиони евра за секој освоен натпревар. Сумата за реми е 700.000 евра, пишува „Меч Телеграф“.

Секое место погоре на рангирањето носи повеќе пари - предвидено е 275.000 евра по место. Ова значи дека тимот што заврши на првото место во главната фаза ќе земе 9,9 милиони евра, а последниот тим 275.000 евра. Оттука, бонусите се подигнуваат во чекори од 11 милиони евра за минување на секоја фаза од директните елиминации.

Друг награден фонд од 853 милиони евра пак се распределува врз основа на постигнувањата на тимовите во натпреварите на УЕФА и вредноста на зделките за национални и глобални телевизиски преноси. дс

Фото: Архива

Остани поврзан