Награди за истражувачко новинарство за македонски медиуми доделени во Тирана
- Во Тирана вечерва беа доделени европски награди за истражувачко новинарство за Западен Балкан и Турција, меѓу кои и за македонски медиуми, јави известувачот на МИА од Тирана.
Тирана, 10 ноември 2022 (МИА) - Во Тирана вечерва беа доделени европски награди за истражувачко новинарство за Западен Балкан и Турција, меѓу кои и за македонски медиуми, јави известувачот на МИА од Тирана.
За најдобра истражувачка сторија, на доделувањето на наградите во Тирана, беше избрана „Софтверот на Рашковски за сообраќајни казни”, на новинарката Ирена Каревска, објавена на 360 степени.
По откритието на злоупотребите на поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски беше отворена истрага која резултира со обвинение и судски процес којшто е во тек.
Втората награда на ЕУ за истражувачко новинарство ја доби Мирослава Бурнс, објавена во „Слободен печат“, за сторијата за родилката Јалдз Веапоска, чии внатрешни органи беа извадени по грешка за време на гинеколошка интервенција по што беше утврдено дека станува збор за лекарска грешка.
Тим новинари на ТВ Телма доби трета награда за истражувачка сторија на конкурсот на ЕУ за емисијата за сообраќајни несреќи со жртви и загинати кои завршуваат со условни казни. Истражувањето го реализираа новинарите Снежана Лупевска Созен, Билјана Николовска, Емилија Мисирлиевски и Миомир Серафимовиќ.
Европската Унија, покрај наградите за Северна Македонија, ги додели наградите за истражувачко новинарство и во останатите земји од Западен Балкан и Турција. нд/аа/