• среда, 08 мај 2024

Награда за најдобар македонски млад џез музичар на Скопскиот џез фестивал во МКЦ

Награда за најдобар македонски млад џез музичар на Скопскиот џез фестивал во МКЦ
Скопје, 24 октомври 2021 (МИА) - На последниот фестивалски ден од Скопскиот џез фестивал денеска ќе бидат промовирани две нови изданија на дискографската етикета на фестивалот - SJF Records и ќе биде доделена наградата за најдобар македонски млад џез музичар. Како што информираат  организаторите, дел од новиот албум на македонскиот композитор и мултиинструменталист Јордан Костов и неговиот многуброен ансамбл, ќе биде претставен од 16 часот во живо, додека, албумот „A Wave Returns to the Ocean" на Svetlost + Odron Ritual Orchestra e, всушност, лајв документ од нивниот концерт, одржан и снимен минатата година. Покрај промоцијата на новите ЦД-изданија на SJF Records, во 17 часот, во Кино Фросина, ќе биде доделена и наградата за најдобар млад македонски џез музичар, која оваа година заминува во рацете на скопскиот гитарист, композитор и импровизатор, Филип Букршлиев, чие име се наоѓа на повеќе од 20 долгосвиречки изданија. Доделувањето на наградата ќе биде проследено со настап во живо на квартетот на Букршлиев. ар/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан