• недела, 22 декември 2024

Наградата за тренер на годината во иднина ќе се вика „Лазар Лечиќ“

Наградата за тренер на годината во иднина ќе се вика „Лазар Лечиќ“

Скопје, 21 септември 2024 (МИА) - На денешната комеморација во чест на Лазар Лечиќ, Кошаркарската федерација најави дека една награда во иднина ќе го носи неговото име.

Наградата за тренер на годината во иднина ќе се вика „Лазар Лечиќ“. Станува збор за признанието за тренер на годината кое традиционално се доделува при изборот на КФМ пред крајот на секоја календарска година, објави КФСМ на својата веб-страница.

Лечиќ беше тренер повеќе од шест децении и имаше голема улога во развојот на неговите помлади колеги.

Кошаркарската федерација на Македонија претходно ги испочитува и останатите легенди на македонската кошарка Драган Василов Цевка по кого името го доби Суперкупот, како и Благоја Георгиевски Буштур чие име го носи Купот на Македонија. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан