• вторник, 05 ноември 2024

Најмалку 20 мртви и над 300 примени во болниците по експлозијата на складиште со гориво во Нагорно Карабах

Најмалку 20 мртви и над 300 примени во болниците по експлозијата на складиште со гориво во Нагорно Карабах

Степанекрт, 25 септември 2023 (МИА) - Најмалку 20 лица загинаа во експлозија во складиште за гориво во регионот Нагорно-Карабах во Азербејџан, соопштија локалните ерменски власти.

Во извештајот се додава дека 290 лица биле примени во болниците по синоќешната експлозија, а десетици „се уште се во критична состојба“, наведуваат британските медиуми.

Претходно властите објавија дека експлозијата се случила на бензинска пумпа во Степанакерт, главниот град на Нагорно-Карабах, и дека во тој регион нема доволно лекови за да се обезбеди помош и дека одреден број повредени треба да бидат префрлени на други места. сд/

фото: Скриншот Х

Остани поврзан