• сабота, 21 декември 2024

Навас сака да остане во Премиер лигата по завршувањето на позајмицата во Нотингем Форест

Навас сака да остане во Премиер лигата по завршувањето на позајмицата во Нотингем Форест

Лондон, 24 мај 2023 (МИА) - Голманот на ПСЖ, Кејлор Навас, кој е на позајмица во Нотингем Форест, планира да продолжи да игра во Премиер лигата, објави „FootMercato“.

 

Нотингем Форест најверојатно нема да може да го купи 36-годишниот голман, но Навас може да ја продолжи кариерата во Челзи, Тотенхем, Брентфорд или Лестер.

 

Во тековната сезона Навас бранеше на 17 натпревари во Премиер лигата, прими 32 гола и двапати ја зачува мрежата „чиста“. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан