• петок, 05 декември 2025

МФ: Граѓанска обврзница може да се запише во сите деловни банки во земјата

МФ: Граѓанска обврзница може да се запише во сите деловни банки во земјата

Скопје, 28 ноември 2025 (МИА) – Граѓански обврзници од третата емисија, за која што Министерството за финансии го објави Проспектот може да се запишат во сите деловни банки во земјава.

-Граѓаните коишто сакаат да запишат обврзници и да учествуваат на аукцијата тоа може да го направат во филијалите на банките ширум земјата. Рокот за запишување на обврзници од оваа емисија е до 10 декември 2025 година, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Граѓаните може да запишат минимален износ од 10.000 денари, односно со купување на една обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Граѓанската обврзница е со рок на доспевање 2 години, а каматната стапка е 4,5 отсто годишно. Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година. Каматата за првата година достасува за исплата на 19 декември 2026 година, а за втората на 19 декември 2027 година. дма/са/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан