• сабота, 23 ноември 2024

Муцунски – Дир: Продолжена привремената заштита за Украинците со престој во државава

Муцунски – Дир:  Продолжена привремената заштита за Украинците со престој во државава

Скопје, 12 август 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со украинската амбасадорка, Лариса Дир на која ја реафирмирал поддршката за Украина која ќе продолжи и во иднина.

Како што соопшти МНР, на средбата министерот Муцунски додал дека како земја-членка на НАТО остануваме посветени за натамошна силна политичка и практична помош за Украина додека земјата продолжува да ја брани својата независност, како и територијалниот суверенитет.

-Во рамки на средбата тој ја информираше амбасадорката Дир за одлуката на македонската влада, за продолжување на привремената заштита за Украинците кои престојуваат на територијата на нашата држава, стои во соопштението.

Соговорниците разговарале и за други актуелни билатерални прашања и изразиле уверување дека добрата соработка помеѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период, наведуваат од МНР. вг/ац/

Фото: МНР

Остани поврзан